Барање на понуда за конференциска опрема потребна за озвучување на обука:

Доживотно учење во контекст на рурален развој

 

Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот на 28.09.2018 година ќе се спроведе обука за Доживотно учење во контекст на рурален развој (наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции) со цел подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој.

Со цел успешна реализација на обуката се распишува повик со Реф. Бр 01-15/03 за:

  • Изнајмување на конференциска опрема потребна за озвучување

НАПОМЕНА: Вкупната цена за изнајмување на опрема потребна за озвучување да биде изразена во МКД без ДДВ, бидејќи проектот е ослободен од плаќање на ДДВ, со потврда од Секретаријатот за Европски прашања и УЈП.

Врз основа на потпишаниот договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Понудувачот на конференциска опрема по завршувањето на обуката. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.

Сите заинтересирани физички и правни лица понудите треба да ги достават најдоцна најдоцна до 14.09.2018 година до 16.00 часот на следниот маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака за Реф. Бр 01-15/03.

За повеќе информации за повикот Ве молиме да не контактирате на 079 226 322 –Елизабета.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 17.09.2018 година.

 

Со почит,

Елизабета Кочовска


Calls & Announcements Повици и соопштенија