Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот на 28.09.2018 година ќе се спроведе обука за Доживотно учење во контекст на рурален развој (наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции) со цел подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој.

За таа цел се распишува повик со Реф. Бр 01-15/04 за Угостителски објекти во Општина Јегуновце и Општина Теарце.

Понудата од угостителскиот објект треба да биде составена во следниот формат со потпис и печат

 

РРед.

ББр.

НNo.

Опис на производ/ услуга

Description of the product/ service

Количина

Quantity

Единечна цена без ДДВ

Unit price without VAT

Вкупна цена без ДДВ

Total price without VAT

1

Освежување (филтер кафе, наливна вода, и др) за време на 2 паузи, по лице

     

2

Оброк (ручек со вклучено 2 флаширани безалкохолни пијалоци) по лице

 

 

 

 

  • Понудата треба да важи за 15 лица,
  • Угостителскиот објект треба да има добри услови за реализација на работилници (добро осветлување, добра акустика),
  • Понудите треба да бидат назначени со издвоено ДДВ.
  • Цените во понудата треба да бидат изразени во денари.

 

Во понудите треба да бидат потполнети сите полиња, во спротивно понудата нема да биде прифатена.

Понудата треба да се достави со следната придружна документација:

  • Понуда со цени за услуги (образец во прилог) со потпис и печат
  • Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година.

 

Доставените понуди треба да се со валидност од 3 месеци.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на угостителскиот објект по завршувањето на работилниците за градење капацитети и вмрежување. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата. 

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 14.09.2018 година до 16.00 часот на следниот маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака за Реф. Бр 01-15/04.

За повеќе информации за повикот Ве молиме да не контактирате на 079 226 322 –Елизабета.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 17.09.2018 година.

 

 

Со почит,

Елизабета Кочовска