Повик за учество на натревар за најдобра видео приказна во рамките на проектот ATSVIP (Пристапни решенија за патување за лица со оштетен вид). Активноста е дел од кампањата за подигање на јавната свест за пристапност и безбедност при патување за лицата со оштетен вид.

Можат да учествуваат

  • Лица со оштетен вид
  • Придружни лица

Насоки за подготовка на видеото

  • Видеото треба да биде со времетраење од 3 минути
  • Видеото треба да биде на Македонски или Англиски јазик

Критериуми за избор

  • Секој партнер во проектот ќе избере најдобра видео приказна во нивната земја. Организацијата ќе формира комисија составена од организациски персонал/соработници/засегнати страни релевантни за темата на проектот.

Награда за учесниците

  • Наградата за најдобра видео приказна ќе биде учество на едукативен тренинг во рамките на проектот Пристапни решенија за патување за лица со оштетен вид, што ќе се одржи во Република Северна Македонија.
  • Победникот на натпреварот во секоја земја-партнер ќе биде објавен до 20 јули, 2021 година

Ве молиме, испратете ги вашите видео приказни преку wetransfer најдоцна до 15 јули, 2021 година на следнава е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

ATSVIP проектна веб страна: atsvip.eu

 

       


Calls & Announcements Повици и соопштенија