Во рамките на проектот “Braille Challenge” беше предвидено секој партнер да купи три браеви машини, кои ќе се користат на активностите за Учење, Настава и Обука, планирани да се одржат во секоја земја партнер.
 
По завршувањето на активностите за Учење, Настава и Обука, партнерите можат да ги донираат браевите машини на некое училиште или институција која работи со деца со оштетен вид.
 
Мрежа за доживотно учење, браевите машини купени во рамки на проектот “Braille Challenge” ги подари на училиштето за оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје со кои имаме одлична соработка.