Повик за понуди

Модератор на Завршна конференција на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”

Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот како последна активност ќе се реализира Завршна конференција на 30.10.2018 на која ќе бидат пренесени знаења и искуства стекнати во рамките на проектот: ќе се претстават резултатите од истражувањето спроведено во рамките на овој проект, како и можностите за вмрежување, ќе се поделат искуствата од двете претходно реализирани обуки и ќе се изнесат препораки, заклучоци како и мерки за одржливост на проектот.

За таа цел се распишува повик со Реф. Бр 01/13 за Модератор на Завршна конференција на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”

Модераторот треба да:

  • Да има познавање на темата на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”;
  • Внимава и ја уредува завршната конференција;
  • Да води сметка за почитување на привремени прописи на говори, презентација на следниот говорник, дискусија по извештајот, сумирање на резултатите од дискусијата, помош во формулирањето на заклучоците до известувачот (во случај на неговите потешкотии) и сл.

Врз основа на потпишаниот договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Модераторот по завршувањето на завршната конференција. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.

Сите заинтересирани треба да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа
  • Референта листа од претходно работно искуство како Модератор. 

Потребните документи да се достават најдоцна до 22.10.2018 година до 16.00 часот на следниот маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. со назнака за “Повик Реф. Бр 01/13 “.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 24.10.2018 година.

 

 

Со почит,

Благородна Бишкоска

Проектен координатор