Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце  во партнерство со Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово , во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" започнаа со имплементација на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот, на 28 Септември 2018 г. во ресторан Нов Жеден, Јегуновце со почеток во 10:00 часот, ќе се спроведе Обука 2 – Доживотно учење во контекст на рурален развој, наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции.

 Во рамките на обуката ќе бидат обработени следните теми:

  • Иновативни начини за подобрување на земјоделското производсто
  • Користење на ИКТ за подобрување на земјоделското производство (пазар, пласман, конкурентност, вмрежување)
  • Рурален развој преку соработка меѓу: ГО, јавни институции, бизнис сектор и земјоделци. (Можности и начини на соработка)

Доколку ви се потребни дополнителни информации, може да не контактирате на е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на следниот тел.број 079 226 322, најдоцна до 24.09.2018 27.09.2018 до 12:00 часот. Лице за контакт Елизабета Кочовска.

Агендата за обуката можете да ја најдете тука: ПРЕВЗЕМИ АГЕНДА

Елизабета Кочовска

ЛАГ Скардус

Сите заинтересирани лица можат да аплицираат нa формата во продолжение:



ФОРМА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Invalid Input
Invalid Input
Invalid Input
Invalid Input
Invalid Input
Invalid Input
Invalid Input


Calls & Announcements Повици и соопштенија