Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот ќе се спроведе и дводневна обука наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции) со цел подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој.

За таа цел се распишува повик со Реф. Бр 01/09 за Модератор за обука за подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој. Модераторот ќе биде ангажиран за дводневна обука.

Модераторот треба да:

  • Да има познавање на темата за застапување и лобирање, граѓански дијалог во развојот на јавни политики за рурален развој, Можности за искористување на финансиска подршка ИПАРД/ ЛИДЕР, Можности и придобивки од земјоделско здружување и партнерства (задруги, ЛАГ-ови), Споделување на добри практики, Вмрежување.
  • Внимава и да ја уредува работилницата;
  • Да води сметка за почитување на привремени прописи на говори, презентација на следниот говорник, дискусија по извештајот, сумирање на резултатите од дискусијата, помош во формулирањето на заклучоците до известувачот (во случај на неговите потешкотии) и сл.

Модераторот ќе биде ангажиран за дводневна обука.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Модераторот по завршувањето на обуката.

Сите заинтересирани треба да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа
  • Референта листа од претходно работно искуство како Модератор

 

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 15.08.2018 година до 16.00 часот на следниот маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it...со назнака за “Повик Реф. Бр 01/09 “.

 

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 15.08.2018 година.