На ден 30.10.2018 во Парадокс – Тетово се одржа Завршна конференција на проектот: “Доживотно учење за Рурален развој. Овој проект го имплементираат Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце  , во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население".

На завршната конференција присуствуваа 26 лица.

На завршната конференција беа претставени активностите предвидени со овој проект и беше утврдено дека се успешно реализирани. Според евалуациите од проектните активности учесниците активностите се задоволни од презентациите и нивните очекувања се исполниле. Истите апелираа да има обуки од ваков тип и понатаму, затоа што само така може да се постигне вмрежување на сите засегнати страни, разменување на искуства и контакти и можности за соработка во иднина. Овие обуки беа значително релеванти за сите учесници, бидејќи ја нагласуваа важноста и врската помеѓу доживотното учење и руралниот развој. Ваквиот начин на образование  е многу важен за сите учесници бидејќи истите се стекнуваат со знаење и вештини од областа на руралниот развој коишто ќе можат да ги применуваат и понатака во секојневниот живот и работење.

На конференцијата беа споделени мерките за одржливост на проектот. Треба да се применуваат стекнатите знаења за поврзаноста меѓу доживотно учење и рурален развој и знаењата да се надградуваат. На тој начин целните групи ќе бидат во тек со новите трендови на производство, пласман, како и за креирање на политики за рурален развој.

Вмрежувањето во рамките на активностите е еден од начините за размена на искуства, знаења и соработка меѓу целните групи од проектот. Таа соработка треба да се одржува и да се надградува со цел подобрување на руралниот развој во овој регион.

Заеднички став е дека треба да има обуки од ваков тип и понатаму, затоа што само така може да се постигне вмрежување на сите засегнати страни, разменување на искуства и контакти и можности за соработка во иднина.

Ваквите активности ја нагласуваат важноста и врската помеѓу доживотното учење и руралниот развој. Овој начин на образование  е многу важен за сите учесници бидејќи истите се стекнуваат со знаење и вештини од областа на руралниот развој коишто ќе можат да ги применуваат и понатака во секојдневниот живот и работење.