Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот на 28.09.2018 година ќе се спроведе обука за Доживотно учење во контекст на рурален развој (наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции) со цел подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој.

Во рамките на обуката ќе бидат обработени следните теми:

  • Иновативни начини за подобрување на земјоделското производство,
  • Користење на ИКТ за подобрување на земјоделското производство (пазар, пласман, конкурентност, вмрежување),
  • Рурален развој преку соработка меѓу: ГО, јавни институции, бизнис сектор и земјоделци. (Можности и начини на соработка).

За таа цел се распишува повик со Реф. Бр 01-15/01 за Експерт за обука за Доживотно учење во контекст на рурален развој.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Експертот по завршувањето на обуката. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата. Во понудената цена треба да бидат вклучени сите оперативни трошоци, средства за средби, и слично. 

Сите заинтересирани физички и правни лица би требало да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа (физички лица)
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (правни лица) со стручна биографија од лицето кои што ќе ја води работилницата во име на правното лице.

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 14.09.2018 година до 16.00 часот на следниот маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака за Реф. Бр 01-15/01.

За повеќе информации за повикот Ве молиме да не контактирате на 079 226 322 –Елизабета.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 17.09.2018 година.

Со почит,

Елизабета Кочовска


Calls & Announcements Повици и соопштенија