Повик за понуди

Експерт на Завршна конференција на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”

 

Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот како последна активност ќе се реализира Завршна конференција на 30.10.2018 на која ќе бидат пренесени знаења и искуства стекнати во рамките на проектот: ќе се претстават резултатите од истражувањето спроведено во рамките на овој проект, како и можностите за вмрежување, ќе се поделат искуствата од двете претходно реализирани обуки и ќе се изнесат препораки, заклучоци како и мерки за одржливост на проектот.

За таа цел се распишува повик со Реф. Бр 01/12 за Експерт на Завршна конференција на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”

Сите заинтересирани физички и правни лица би требало да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа (физички лица)
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (правни лица) со стручна биографија од лицето кои што ќе ја води завршната конференција во име на правното лице.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Експертот по завршувањето на завршната конференција. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата. Во понудената цена треба да бидат вклучени сите оперативни трошоци, средства за средби, и слично.

Сите заинтересирани физички и правни лица понудите треба да ги достават најдоцна до 22.10.2018 година до 16.00 часот на следниот маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. со назнака за “Повик Реф. Бр 01/12 “.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 24.10.2018 година.

 

Со почит,

Благородна Бишкоска

Проектен координатор


Calls & Announcements Повици и соопштенија