Мрежа за Доживотно Учење, Македонија - домаќин на Kick-off Состанокот од проектот “ATS for VIP”, ЕРАЗМУС+ Проект
Проектните партнери на проектот “Пристапни решенија за патување за лица со оштетен вид” (ATS for VIP), го одржаа почетниот состанок на 13ти Јануари во Скопје, Македонија. Проектот е финансиран од Еразмус плус Програмата на Европската Комисија, Клучна Акција 2.
Проектот ATS for VIP го имплементира Конзорциум од 3 партнери од 3 Европски држави (Романија, Шпанија и Македонија). Во рамките на проектот, конзорциумот “ATS for VIP” ќе развие пристапни решенија за патување за лица со оштетен вид.
Првиот состанок се одржа во Скопје на 13ти Јануари 2020 и проектните партнери беа пречекани од домаќинот и координатор на проектот Мрежа за Доживотно Учење (МДУ) Македонија. На состанокот, партнерите ги разгледаа предвидените проектни активности и очекувани резултати. Партнерите се согласија да се фокусираат на решенија за патување за лица со оштетен вид земајќи ја во предвид моменталната ситуација за лица со оштетен вид во однос на автобуски превоз, железнички и воздушен превоз.
Проектните партнери се договорија за активностите поврзани со истражувањето во IO1, и за почетната структура и дизајн на ОЕР Платформата во IO2. Партнерите исто така се договорија за проектно лого и веб домеин, со цел да се зајакне видливоста и да се започне со активности за дисеминација.
Мрежата за Доживотно Учење (МДУ) Македонија е национална мрежа основана во 2012 година чија цел е поддршка на развојот на образованието за возрасни во Македонија.