На ден 28.09.2018 во Ресторан Нов Жеден, Јегуновце се одржа обука на тема “Доживотно учење во контекст на рурален развој, како активност од проектот “Доживотно учење за Рурален развој”. Овој проект го имплементираат Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце  во партнерство со Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово , во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население". 

 

Во рамките на обуката беа обработени следните теми:

  • Иновативни начини за подобрување на земјоделското производсто
  • Користење на ИКТ за подобрување на земјоделското производство (пазар, пласман, конкурентност, вмрежување)
  • Рурален развој преку соработка меѓу: ГО, јавни институции, бизнис сектор и земјоделци. (Можности и начини на соработка)

 

На обуката присуствуваа 17 лица.