Мрежа за Доживотно Учење, Тетово учествуваше на третиот Транснационалниот состанок на проектот„Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” кофинансиран од програмата Еразмус плус на Европската комисија, кој обединува 6 партнери од 6 држави: Северна Македонија, Романија, Австрија, Албанија, Шведска и Турција. Средбата се одржа во Бурса, Турција, на 09.12.2023 година.

Следејќи го генералниот преглед на резултатите од проектот и досегашната работа, се фокусиравме на прашањата за координација со проектот, имплементација, мониторинг, евалуација и дисеминација. Во моментов ги правиме последните модификации за финализирање на проектен резултат 3, односно документарни видеа и проектен резултат 4 мобилна апликација.

Генерално, состанокот беше корисна средба и едвај чекаме да ве запознаеме со нашите финални производи!