Конзорциумот од 5 партнери го започнува меѓународниот проект “Differences Create No Distances”, Еразмус+ проект, финасиран од Европската Унија. Проектот ќе го имплементираат: Asociatia Babilon Travel во партнерство со Средното училиште за лица со оштетен вид, Клуж-Напока (Романија), Projekte Vullnetare Nderkombetare (Албанија), Ikkaido Inclusive Martial Arts (Ирска), Мрежа за Доживотно Учење (Република Северна Македонија) и Polski Zwiazek Niewidomych (Полска).
Проектот има за цел да ги приближи младите со оштетен вид (ВИП) и младинските работници со цел да ги зајакне напорите за социјално вклучување на младите лица со оштетен вид и да ја подигне свеста за потребите и вештините на лицата со оштетен вид.
За постигнување на целите, ќе се имплементираат две главни активности:
1. Обука која ќе се одржи во Клуж-Напока и Бичиора (Романија), на која ќе учествуваат 25 младински работници, со и без инвалидитет, од 5-те земји партнери;
2. Младинска размена во Драч (Албанија), на која ќе учествуваат 30 млади луѓе со и без инвалидитет, заедно со 5 младински работници
Целта е да се развијат комуникациски техники со цел да се промовира вклученост, да се подобри самодовербата и само-зајакнувањето и да се научат методи за заедничко работење во различни ситуации. Ќе се користат неформални алатки и методи, како и спортски и активности на отворено.
Повеќе информации за проектот:
https://www.facebook.com/mrezamak

Мрежата за Доживотно Учење, организација активна во имплементација на проекти поврзани со стручно образование и обука, рурален развој, лица со попреченост, социјална инклузија, образование на возрасни – објавува почеток на проектот Топка за Сите (Ball for All). Проектот, финансиран од Еразмус + Програмата на Европската Унија започнува на 1-ви Август 2020 година, и ќе го имплементираат организациите: Associatia Babilon Travel (Романија), Мрежа за доживотно учење (Македонија), Karabaglar Kaymakamligi (Турција), како и локалниот придружен партнер Средно училиште за Лица со Визуелна попреченост Клуж-Напока.
Целта на проектот е да одговори на потребите на лицата со оштетен вид, да бидат вклучени во општеството со своите врсници, да бидат еднакво вклучени во образованието, културата, спортот, социјалниот живот, итн. Конкретно, на проектната активност младинската размена од една недела што ќе се одржи во Клуж-Напока, ќе се реализира активност голбол (најпопуларен спорт со топка во светот за лицата со оштетен вид, кои стануваат параолимписки спорт во 1976 година) за мешани меѓународни тимови од слепи и лица кои немаат оштетување на видот, девојчиња и момчиња. Спортската активност ќе се комбинира со дебати на теми од интерес, како што се перцепцијата на лицата со посебни потреби во општеството, стереотипите и очекувањата на / од општеството, социјалното вклучување.
Повеќе информации за проектот:
https://www.facebook.com/mrezamak

Пристапни решенија за патување за лица со оштетен вид (ATSforVIP) е Еразмус + проект, финансиран од Европската унија.

Конзорциумот составен од 3 партнери: Мрежа за Доживотно Учење (Lifelong Learning Network) -Северна Македонија, ИТ решенија за сите (IT Solutions for All) – Шпанија и Здружение Бабилон Травел (Asociatia Babilon Travel) - Романија, работеа на првиот интелектуален резултат на проектот, чија цел е развој на методологија за проучување и споредување на услуги за пристапност и мобилност присутни во Европските земји, главно фокусирани на пристапен туризам и споредба на овие наоди со потребите на лицата со оштетен вид.

Повеќе информации можете да најдете на проектната веб-страна: http://atsvip.eu/methodology_mk.php

Во тек е втората фаза од проектот ATSforVIP. Интелектуалниот резултат  “Создавање на ОЕР за пристапно, безбедно и сигурно патување на лица со оштетен вид” започна во Април 2020 година и предвидено е да заврши до крајот на Декември 2020 година.

Целта на IO2 е создавање на ОЕР платформа која ќе содржи информации и иновативни содржини поврзани со пристапност, безбедност и заштита за време на патување, особено прилагодени за лица со оштетен вид или слепи лица. Проектните партнери од Северна Македонија, Романија и Шпанија активно работат за оптимално функционирање на ОЕР платформата.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк:

http://www.atsvip.eu/index_mk.php?lang=MK

Пристапни решенија за патување за лица со оштетен вид (ATSforVIP) е Еразмус+ проект, финансиран од Европската унија.

Конзорциумот составен од 3 партнери: Мрежа за Доживотно Учење (Lifelong Learning Network) - Северна Македонија, ИТ решенија за сите (IT Solutions for All) – Шпанија и Здружение Бабилон Травел (Asociatia Babilon Travel) - Романија, работат на имплементација на проектните активности. Во рамките на проектот, конзорциумот “ATS for VIP” ќе развие пристапни решенија за патување за лица со оштетен вид.

Повеќе информации за првиот интелектуален резултат на проектот, чија цел е развој на методологија за проучување и споредување на услуги за пристапност и мобилност присутни во Европските земји, главно фокусирани на пристапен туризам и споредба на овие наоди со потребите на лицата со оштетен вид може да најдете на проектната веб-страна: http://atsvip.eu/methodology_mk.php

Calls & Announcements Повици и соопштенија