Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

 

Во рамките на проектот ќе се спроведе и дводневна обука наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции) со цел подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој.

Во рамките на обуката ќе бидат обработени следните теми:

  • Застапување и лобирање, граѓански дијалог во развојот на јавни политики за рурален развој,
  • Можности за искористување на финансиска подршка ИПАРД/ ЛИДЕР,
  • Можности и придобивки од земјоделско здружување и партнерства (задруги, ЛАГ-ови),
  • Споделување на добри практики,
  • Вмрежување

 

За таа цел се распишува повик со Реф. Бр 01/08 за Експерт за обука за подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој. Екпертот ќе биде ангажиран за дводневна обука.

 

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Екпертот по завршувањето на обуката. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата. Во понудената цена треба да бидат вклучени сите оперативни трошоци, средства за средби, и слично. 

 

Сите заинтересирани физички и правни лица би требало да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа (физички лица)
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (правни лица) со стручна биографија од лицето кои што ќе ја води работилницата во име на правното лице.

 

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 10.08.2018 година до 16.00 часот на следниот маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it...со назнака за “Повик Реф. Бр 01/08 “.

 

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 13.08.2018 година.

 


Calls & Announcements Повици и соопштенија