Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот како последна активност ќе се реализира Завршна конференција на 30.10.2018 г.во ресторан Парадокс Тетово, на која ќе бидат презентирани активностите и резултатите од проектот. Н а конференцијата ќе се претстават резултатите од истражувањето за ГО кои работаат во Полошкиот регион на рурален развој, нивното учество во процесот на локално одлучување и процеси на донесување на одлуки, нивната меѓусебна соработка, и соработка со локални институции, бизнис сектор и локално население спроведено во рамките на овој проект,  ќе се споделат искуства од реализираните обуки и ќе се изнесат препораки, заклучоци како и мерки за одржливост на проектот.


Calls & Announcements Повици и соопштенија