„Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” Почеток на Проектен резултат 3: Документарни видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички.

Главната цел на проектот е развивање и креирање на помагала за учење за лицата со попреченост, поврзани со одржлив развој и култура. Проектната веб-страна, мобилната апликација и другите алатки за одржлив развој и култура ќе обезбедат сосема нов тип на вмрежување во формалниот и неформалниот образовен сектор за обесправени и маргинализирани групи млади луѓе; тоа ќе помогне да се воспостави системска мрежа на соработка помеѓу (граѓанското општество) неформалното и формалното образование, нудејќи можности за зголемен број на проекти, истражувачки студии, современи транснационални курсеви и модули и нови пристапи и методологија во работата со оваа целна група.

Проектниот резултат 3 „Документарни видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички“ е насочена кон создавање кратки филмови и други видео едукативни материјали. Лицата со попреченост, а особено младите ќе бидат охрабрени и мотивирани да гледаат кратки видеа како помагала за учење. Видеата ќе бидат достапни и за прикажување на интернет и споделување преку социјалните медиуми.

Проектните партнери го имплементираат проектниот резултат 3 заеднички координирани од Мрежа за доживотно учење. Изработена е методологија за имплементација со детален план и служи како водич во имплементацијата. Секој проектен партнер ќе произведе видеа на две теми: одржлив развој и култура. Видео материјалот ќе биде преведен и компилација на видеата за двете теми ќе бидат достапни на социјалните медиуми на проектот.

Повеќе за проектот можете да најдете на проектната веб-страна: greengrowth.mdu.mk


Calls & Announcements Повици и соопштенија