Мрежа за доживотно учење, МДУ Тетово, организираше настани за дисеминација “Лицата со попреченост учат и го поддржуваат одржливиот развој и зачувувањето на културата”. Организирани беа два настани еден лице-в-лице и еден онлајн, со цел да се споделат проектните резултати од проектот “Green tools” во Тетово, Македонија. На настанот учествувааа 36 учесници лице-в-лице и 20 учесници онлајн: претставници на граѓански организации, млади лица со попреченост, нивните семејства и негуватели, наставници, едукатори од редовни и специјални училишта, како и публика од сите сегменти на општеството.

Овој настан беше можност да се презентираат алатките и методологиите развиени во текот на проектот.

Настанот ги опфати сите резултати од проектот:

  • Р1: Развиени содржини за учење и едукативен материјал погоден за млади лица со попреченост на теми од одржлив развој и култура
  • Р2: Произведени аудио материјали за лица со оштетен вид и специјални книги како помагала за учење за млади лица со интелектуална попреченост
  • Р3: Продуцирани филмови за учење за одржлив развој и култура за секоја држава од проектниот конзорциум
  • Р4: Создадена мобилна апликација која ги поврзува развиените едукативни материјали

 “Дизајнирање на едукативни алатки за млади лица со попреченост на тема одржлив развој и култура” - Green tools, е Erasmus+ проект, финансиран од страна на Европската комисија. Проектот обединува 6 проектни партнери од 6 држави : Македонија, Турција, Романија, Шведска, Албанија, Австрија.

За повеќе информации за проектот Green tools, посетете ги проектните социјални медиуми:


Calls & Announcements Повици и соопштенија