Конзорциумот учествуваше на Почетниот состанок на проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост“ преку програмата Еразмус+ на Европската комисија, која обединува 6 партнери од 6 земји: Северна Македонија, Романија, Австрија, Албанија, Шведска и Турција. Состанокот се одржа во Тетово, Македонија на 20-21.06.2022 година.

За време на почетниот состанок, партнерите ги дефинираа техничките и оперативните аспекти на проектните резултати и поврзаните активности. Целта на состанокот беше, исто така, да се дефинираат аспектите на проектниот и финансискиот менаџмент, како и аспектите кои се однесуваат на внатрешниот квалитет, мониторинг и евалуација, управување со ризик. Проектните партнери разговараа за имплементацијата на проектните резултати, административните аспекти на временската рамка на проектот и го избраа логото на проектот. Главната цел на проектот е развивање и креирање на помагала за учење за лицата со попреченост, поврзани со одржлив развој и култура. За таа цел, ќе бидат дизајнирани наставна програма и модули кои се однесуваат на темата одржлив развој и култура. Овие наставни програми ќе се користат како воннаставни активности во училиштата и за обука на млади од граѓанскиот сектор. Понатаму, сакаме/ќе го прошириме овој материјал и ќе го прилагодиме на потребите на млади со попреченост

Во рамки на проектот ќе се развијат следните проектни резултати:

  • Р1: Развиена содржина за учење за едукативен материјал погоден за млади лица со попреченост на теми од одржлив развој и култура
  • Р2: Аудио материјали за лица со визуелна попреченост и специјални книги како помагала за учење за млади лица со интелектуална попреченост
  • Р3: Документарни видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички.
  • Р4: Мобилна апликација и промоција на материјалите за учење.

Calls & Announcements Повици и соопштенија