„Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” Обука за учењево рамки на проектот „Младите во поддршка на одржливиот развој и лицата со попреченост“

Обуката „Младите во поддршка на одржливиот развој и лицата со попреченост“ се одржа во Скопје, Македонија 21-25.11.2022 година.

Обуката имаше за цел да го поддржи дизајнот на материјал за учење и помагала за учење за млади лица со попреченост и да ги едуцира младите за потребите на лицата со попреченост. Секоја организација обезбеди 4 млади учесници кои имаат работно искуство со лица со попреченост и заинтересирани за развој на култура и одржлив развој. Обуката им овозможи на претставниците на партнерските организации да се запознаат со основните начини и знаења за теми поврзани со одржлив развој и за практична примена на знаењата. Во рамките на обуката, младите беа обучени да ги препознаваат потребите на врсниците со попреченост, да обезбедат лична помош, прилагодување на материјалот и онлајн поддршка за процесот на учење.

Дел од обуката беше практична работилница и споделување на најдобрите практики меѓу учесниците од различни земји за проектните теми одржлив развој и култура. Мрежа за доживотно учење организираше посета на специјалните училишта и соодветните институции за визуелни, интелектуални попречености и деца со оштетен слух во Скопје.

Проектните партнери добија вредни повратни информации за најдобрите практики и истражувањето спроведено од конзорциумот во рамки на проектот. Обуката им овозможи на проектните партнери да го потврдат произведениот материјал за директно да ги вклучат корисниците да го искористат своето знаење и да добијат повратни информации за резултатите од проектот и индиректно да ги вклучат другите засегнати страни.

По обуката, учесниците ќе можат да истражуваат примери за одржлив развој во нивната земја; да се дизајнира содржина достапна за лицата со попреченост во вид, слух и интелектуалн пропреченост, како и градење култура на одржлив развој.


Calls & Announcements Повици и соопштенија