Конзорциумот на проектот учествуваше на вториот Транснационален состанок во рамки на проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската комисија, која обединува 6 партнери од 6 земји: Северна Македонија, Романија, Австрија, Албанија, Шведска и Турција.
Состанокот се одржа во Гетеборг, Шведска, на 02.12.2022 година. Заедно, создаваме помагала за учење за лицата со попреченост, поврзани со одржлив развој и култура. Во рамки на проектот ќе се развијат следните проектни резултати:
- Р1: Развиена содржина за учење за едукативен материјал погоден за млади лица со попреченост на теми од одржлив развој и култура
- Р2: Аудио материјали за лица со визуелна попреченост и специјални книги како помагала за учење за млади лица со интелектуална попреченост
- Р3: Документарни видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички.
- Р4: Мобилна апликација и промоција на материјалите за учење.