„Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” преку програмата Еразмус плус Крај на проектот Резултат 3: Документарни видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички

Проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” е проект Еразмус + имплементиран од конзорциум од 6 партнерски организации од Македонија, Турција, Романија, Албанија, Шведска и Австрија. Главна цел на проектот е развивање и креирање помагала за учење за лица со попреченост, поврзан со одржлив развој и култура.

Проектната веб-страна, мобилната апликација и другите алатки за одржлив развој и култура ќе обезбедат сосема нов тип на вмрежување во формалниот и неформалниот образовен сектор за обесправени и маргинализирани групи млади луѓе; тоа ќе помогне да се воспостави системска мрежа на соработка помеѓу (граѓанското општество) неформалното и формалното образование, нудејќи можности за зголемен број на поврзани проекти, истражувачки студии, современи транснационални курсеви и модули и нови пристапи и методологија во работата со оваа целна група.

Проектниот резултат 3 „Документарн видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички“ беше насочен кон создавање кратки филмови и други видео едукативни материјали. Лицата со попреченост, а особено младите ќе бидат охрабрени и мотивирани да гледаат кратки видеа како помагала за учење. Продуцираните видеа се достапни за прикажување на интернет и споделување на социјалните медиуми.

Во изминатиот период, проектните партнери ја завршија имплементацијата на проектниот резултат 3 координиран од Мрежа за доживотно учење. Секој проектен партнер креираше видеа на две теми: одржлив развој и култура. Видео материјалот е преведен и видеата ќе бидат поставени на официјалниот YouTube канал на проектот.

Повеќе за проектот можете да најдете на проектната веб-страна: greengrowth.mdu.mk


Calls & Announcements Повици и соопштенија