Веб-страната во рамките на проектот Едукативни алатки за одржлив развој е достапна на 7 јазици (македонски, турски, романски, албански, шведски, германски и англиски).

Истата може да ја погледнете на следниов линк: greengrowth.mdu.mk

Проектната веб-страна служи како база за целиот произведен материјал во рамките на проектот и исто така претставува алатка за дисеминација што ја зголемува видливоста и употребата на проектните резултати.

Проектни цели:

  1. Да се идентификуваат и селектираат содржини за наставните програми за учење специфични за секоја земја учесничка и да се создадат соодветни наставни програми привлечни за младите и особено достапни за младите со попреченост
  2. Да се развие посебен материјал за учење и помагала за учење приспособени на потребите на младите лица со попреченост и да се поттикнат училиштата и наставниците да продолжат да развиваат слични помагала за други теми.
  3. Да се промовираат овие помагала за учење како јавно добро, особено кај заинтересираните чинители и да се воведат во процесот на учење во училиштата како воннаставни активности.
  4. Да се промовира концептот на култура и одржлив развој во секоја од земјите и регионот.

Проектната веб-страна, мобилната апликација и другите алатки за одржлив развој и култура ќе обезбедат сосема нов тип на вмрежување во формалниот и неформалниот образовен сектор за обесправени и маргинализирани групи млади луѓе; тоа ќе помогне да се воспостави системска мрежа на соработка помеѓу (граѓанското општество) неформалното и формалното образование, нудејќи можности за зголемен број на проекти, истражувачки студии, современи транснационални курсеви и модули и нови пристапи и методологија во работата со оваа целна група.


Calls & Announcements Повици и соопштенија