Почеток на имплементација на меѓународниот проект „Дизајнирање на едукативни материјали/алатки за одржлив развој за млади лица со попреченост“ преку програмата Еразмус плус.

Младите со попреченост се соочуваат со повеќе форми на дискриминација што може да доведе до нивно исклучување од општеството и училиштето. Ставовите кон децата со попреченост, како и недостатокот на ресурси за адресирање на нивните потреби, ги зголемуваат предизвиците со кои се соочуваат при пристапот кон образовниот процес. Иако недоволниот пристап до училиштата е проблем, еднаква загриженост е неможноста на образовниот систем да обезбеди квалитетно образование за младите со попреченост. Како последица на тоа, тие страдаат од ниска самодоверба и немаат потребни вештини или знаења за да можат да аплицираат за соодветни работни места.

Проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за учење за одржлив развој за млади лица со попреченост“ обединува 6 партнери од 6 земји:

  • Партнер 1: Мрежа за доживотно учење, Република Северна Македонија
  • Партнер 2: Asociatia Babilon Travel, Романија
  • Партнер 3: AUSTRIAN ASSOCIATION OF INCLUSIVE SOCIETY, Австрија
  • Партнер 4: Udhëtim i Lirë, Албанија
  • Партнер 5: Perform On Top, Шведска
  • Партнер 6: Avrasya Yenilikçi Toplum Derneği, Турција

Целите на проектот се:

  1. Да се идентификуваат и селектираат содржини за наставните програми за учење специфични за секоја земја учесничка и да се создадат соодветни наставни програми привлечни за младите и особено достапни за младите со попреченост
  2. Да се развие посебен материјал за учење и помагала за учење приспособени на потребите на младите лица со попреченост и да се поттикнат училиштата и наставниците да продолжат да развиваат слични помагала за други теми.
  3. Да се промовираат овие помагала за учење како јавно добро, особено кај заинтересираните чинители и да се воведат во процесот на учење во училиштата како воннаставни активности.
  4. Да се промовира концептот на култура и одржлив развој во секоја од земјите и регионите

Во рамки на проектот ќе се развијат следните проектни резултати:

  • Р1: Развиена содржина за учење за едукативен материјал погоден за млади лица со попреченост на теми од одржлив развој и култура
  • Р2: Аудио материјали за лица со визуелна попреченост и специјални книги како помагала за учење за млади лица со интелектуална попреченост
  • Р3: Документарни видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички.
  • Р4: Мобилна апликација и промоција на материјалите за учење.

Проектнатната веб-страна и другите алатки за одржлив развој и култура ќе обезбедат сосема нов тип на мрежа во формалниот и неформалниот образовен сектор за обесправените и маргинализираните групи млади луѓе; тоа ќе помогне да се воспостави системска мрежа на соработка помеѓу (граѓанското општество) неформалното и формалното образование, нудејќи можности за зголемен број на поврзани проекти, истражувачки студии, современи транснационални курсеви, модули, нови пристапи и методологија во работата со оваа целна група.


Calls & Announcements Повици и соопштенија